МУХАМЕД АЛИ АРИФ БЕСНЕЕЛ НА ЛЕТОТ ОД СИДНЕЈ ЗА МАЛЕЗИЈА, ПА ЈА СТАВИЛ РАКАТА ВО РАНЕЦ ПРЕПРАВАЈЌИ СЕ ДЕКА Е БОМБА ВЕЛЕЈЌИ: „КАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ СЛУГИ НА АЛАХ“!
Минатиов понеделник за време на летот MH122 на Malaysia Airlines од Сиднеј до Куала Лумпур се случи вистинска драма, кога еден патник предизвика паника и неговите постапки го принудија екипажот после еден час лет да донесе одлука да го врати авионот Airbus A330 на почетниот аеродром.
Ербасот А330-300 (9M-MTK) полетал од меѓународниот аеродром во Сиднеј во 13:40 часот по локално време. Кога еден од патниците почнал да вика: „Моето име е Мухамед, роб на Алах“, додека носел црн ранец на градите.
Тогаш настанала паника, а персоналот на малезискиот национален авиопревозник веднаш реагирал за да го смири непознатиот маж.
Патниците подоцна сведочеле дека човекот се приближил до екипажот и продолжил да вика: „Дали си роб на Алах? Дали си? Кажи!“.
Повеќето од патниците се префрлиле во друг дел од авионот, додека персоналот разговарал со човекот, обидувајќи се да избегнат инцидент.
Проблематичниот Мухамед Али Ариф (45) наводно ги ставил рацете во ранецот, предупредувајќи дека има нешто опасно внатре.
Пилотот не сакал да ризикува, а како што налага процедурата во вакви ситуации, авионот го свртел кон Сиднеј, каде што слетал околу 15:47 часот по локално време.
Ербасот А330 беше паркиран на јужниот крај на главната писта во Маскот, далеку од терминалот и другите авиони, пред Федералната полиција да влезе внатре и да го уапси Мухамед Али Ариф.
Органите на редот утврдиле дека во ранецот немало опасни материи, а против уапсениот се очекува да биде поднесена кривична пријава на почетокот на следната недела.
Колку професионално реагирал персоналот на “Малезија ерлајнс“, окупирајќи го вниманието на мажот до слетувањето на авионот, покажува и објавата на една од патниците, Семи Маркс:
„Апсолутно секоја чест за екипажот. Знам дека тренираат за вакви работи, но не беше лесно да се задржи овој човек. Најстрашната ситуација во мојот живот“, изјави тој.
Поради инцидентот доцнеа и се откажани бројни летови од аеродромот во Сиднеј.
“Малезија ерлајнс“, иако важи за една од најдобрите авиокомпании во Азија, го привлече вниманието на светската јавност по две големи трагедии кои се случија една по друга во 2014 година: прво, на 8 март, Боинг 777 на летот MH370 мистериозно исчезна со 227 патници и 12 членови на екипажот и до ден денес не е откриено што всушност се случило.
Само неколку месеци подоцна, на 17 јули, друг Боинг 777 на малезиската авиокомпанија на летот MH17 беше погоден со ракета за воздушна одбрана “Бук“ над Украина. Од експлозивната декомпресија беше уништен авионот, животот го загубија 298 луѓе: 15 членови на екипажот и 283 патници.