Д-р Кедев ги презентираше планинарските подвизи „8/8000“

Познатиот македонски кардиолог и алпинист Сашко Кедев дојде во Битола и во Офицерскиот дом пред полна сала присутните ги поведе низ спирутуално патување по височините. Со нив ги сподели своите подвизи, авантури и патешествија, но и исклучително тешки и животозагрозувачки ситуации при освојувањето на највисоките, но и најтешки  врвови во светот. Од 14 планини над осум илјади метри, Кедев се искачи на осум. Пет освои во 2009, 2021 и 2022 година и уште три лани – Анапурна Непал (8.091), Нанга Парбат Пакистан (8.126) и Чо Оју Тибет (8.201).

– Генерално над 7600 или над 8000 м.н.в. се смета  за зона на смртта, тоа е територија во која што биолошки човечкиот организам не  е спремен да преживее затоа што има една третина помалку од кислород што го дишеме нормално. Кога сме таму ни се отвораат многу нови хоризонти. Но за жал тоа со зборови не може да се опише, тоа треба да се доживее, вели проф. д-р Сашко Кедев.

Во 2009 се искачи на највисокиот врв на планетата, Монт Еверест. Кога се симнувал од Еверест Кедев сметал дека тоа е најтешкиот врв, но не било така, следувале и нови тешки сутуации. Следувал врвот на Анапурна и кога успешно се вратил и ја преживеав Анапурна сметал дека ми остануваат полесно врвови. Но, потоа се соочил со Нанга Парбат тоа е планината убиец каде има најмногу загубено човечки животи. Нанга Парбат, рече Кедев, е најтешката планина од сите овие 14 врвови на осум илјади метри.

Потоа, поради интензивни професионални ангажмани, немал време за големи експедиции, па се посвети на освојување на  помали, но импресивни  врвови на Алпите, со што ја одржуваше неговата мотивација и кондиција. По 12-годишна пауза повторно го почувствува поривот да се врати во зоната на смртта.

– Многу е важно да се одржува телото и умот во една балансирана состојба и да се одржува во еден континуиран тренинг. Така е и во било која професија ако сакаат да успеете, треба 100 процентно да се внесете во сето тоа. Јас сум во тој филм на некој начин и го живеам тој животен стил на осознавање на нашето единство со природата, вели Кедев.

На изборите во 2004 Кедев беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, кога во вториот круг беше поразен од противкандидатот Бранко Црвенковски. Сега категорично ја отфрла можноста за повторно политички да се активира

– Тоа беше една фаза од мојот живот кое ми е драго лично искуство, тоа беше една авантура. Но сегашниот животен стил што го практикувам е некомпатибилен со политиката, вели Кедев.

Сашко Кедев со сопругата Ганка Самоилова Цветановска покрај споменикот на Диме Илиевски Мурато во Непал
Сашко Кедев е човек кој покрај кариерата како универзитетски професор и кардилог успеа да се искачи на 8 највисоки и најтешки планински врвови во светот (повисоки од 8.000 метри)

Останати вести