Елиф Елмас дебитираше за Лајпциг, влезе во финишот од мечот против Ајнтрахт кој неговиот тим го загуби на домашен терен со 1:0.
Македонскиот фудбалер во игра влезе во 88. минута од натпреварот.
Лајпциг имаше дури 26 шута, но ниту еден од тие не влезе во мрежата на гостите. За разлика од нив, Ајнтрахт шутна петтпати, само еднаш во рамките од голот и даде гол за победа.
Стрелец беше Кнауф уште во седмата минута.
Од наредните натпревари се очекува минутажата на Елмас постојано да се зголемува.
Германскиот бундеслигаш за Елмас плати 25 милиони евра за да го купи од Наполи и тоа засега е еден од најголемите трансфери во овој преоден рок во Европа.