Македонското културно-уметничко друштво „Вардар“ од Бенкстаун ја одржа традиционалната Македонска есенска игранка, која и оваа година собра голем број членови, пријатели и љубители на македонската култура и традиција.
Настанот беше исполнет со пријатна атмосфера, дружење и богата музичка програма, а присутните уживаа во македонските народни песни и ора кои ја одбележаа вечерта.

Членовите и гостите на МКУД „Вардар“ ги поздрави Оливер Димоски, советник во општината Georges River, кој во своето обраќање упати пофални зборови до раководството и комитетот на друштвото за нивната долгогодишна посветеност во зачувувањето и промоцијата на македонската култура и традиции во Австралија.
„Голема благодарност до комитетот за организацијата на оваа фантастична вечер. Честитки за вашата посветеност во негувањето и афирмацијата на македонската култура и традиции преку нашите народни ора и песни во Австралија. Вашата работа претставува значајно наследство за идните генерации Македонци“, изјави Оливер Димоски.

Специјален музички белег на вечерта ѝ даде гостинката од Мелбурн. Познатата македонска пејачка Татјана Лазаревска, придружувана од „Ритам бенд“, приреди незаборавна забава, исполнувајќи го подиумот за игра во текот на целата вечер.
28 Oct 2026
26 Oct 2026