Желбата им се исполни, браќата Бабунски добија повик за Македонија

Желбата на браќата Бабунски конечно им се оствари, откако двајцата добија повик за настап за Македонија, на претстојниот бараж натпревар со селекцијата на Италија.

Македонската најдобра фудбалска селекција ја чека еден од најважните натпревари во историјата, а клубот на Доријан и Давид информираше дека селекторот Благоја Милевски испратил повик до фудбалерите на Дебрецен, кои играат во одлична форма во овој период.

Повозрасниот брат Давид веќе ја вкуси убавината да се носи репрезентативниот дрес и досега настапи на девет натпревари, додека Доријан сè уште чека на своето деби.

Македонија против Италија ќе се сретне на стадионот „Ренцо Барбера“  во Палермо, на 24 март.

Останати вести