Запишете се пред вторник 8 ноември за да го дадете својот глас во овие избори во Викторија

Жителите на Викторија до 8 ноември треба да се запишат или да ги ажурираат нивните податоци за да го осигураат својот глас на државните избори 2022 подоцна овој месец.

Изборните листи ќе ce затворат во 8 часот навечер во вторник, 8 ноември, и Изборната комисија на Викторија (Victorian Electoral Commission -VEC) ги охрабрува гласачите, особено оние кои гласаат за прв пат, да ги запишат или проверат нивните податоци онлајн на vec.vic.gov.au

“Дури и ако се уште не сте се запишале, можеби вреди да се провери дали автоматски сте запишани од VEC со правилната адреса. Доколку не сте на листата или ако сте се отселиле или сте ја промениле адресата на живеење од тогаш, се уште имате време да се запишете или да ги ажурирате вашите податоци”, рече iзборниот комесар Warwick Gately.

Гласачите можат да се запишат или да ја ажурираат нивната адреса на веб страницата на VEC за само неколку минути. Веб страницата исто така нуди низа на услуги со цел да го олесни запишувањето и да го направи подостапно. Овие вклучуваат:

–    обрасци за запишување преведени на 20 јазици, кои се преобразуваат во англиски кога се печатат,

–    повеќејазични телефонски услуги за преведување,

–     кратко видео за запишување достапно на 23 јазици.

При ажурирањето на податоците за упис, гласачите можат да се регистрираат за потсетник за гласање “VoterAlert” – бесплатен е-мејл или служба за SMS потсетник. Повеќе од половината гласачи на гласачките листи веќе се претплатени за VoterAlert и добиваат клучни информации околу гласањето и потсетници. Оваа година претплатниците на VoterAlert исто така ќе ја добијат првата дигитална верзија на Водичот за лесно гласање (EasyVote Guide), кој содржи информации, совети и линкови околу тоа како, кога и каде да се гласа.

Жителите на Викторија ќе гласаат за да го изберат 60-от Парламент на Викторија во сабота, 26 ноември. Повеќе информации за тоа како да се запишете за да гласате се достапни на vec.vic.gov.au .

Останати вести