Започна големата турнеја на Влатко Миладиновски, Дамјан Стојаноски и Златко Миладиноски

За Австралија општо познато е дека е дом на голем број Македонци што уживаат во добра музика и со нетрпение ја чекаа турнејата на квалитетното трио Влатко Миладиноски, Дамјан Стојановски и Златко Миладиноски. Толку е голем интересот што веќе се целосно распродадени повеќето концерти и има барања за дополнителни што ќе ја направи ова да биде една од најуспешните турнеи во Австралија. Но тоа не е за изненадување бидејќи каде и да настапуваат музикалните кичевчани ги полнат салите и за нивните концерти се бара билет плус. 

Турнејата ќе се одржи во ноември и декември и следуваат настапите во: Волонгонг, Сиднеј (има два на 19 и 26 ноември но се целосно продадени), Квинбијан, Мелбурн и Џилонг. Од организаторите дознаваме дека скоро се е распродадено, освен во Мелбурн каде има четири настапи, односно по барање на публиката се организираат два дополнителни концерти на 2 и 11 декември. Исто така и во Џилонг брзо се намалува бројот на слободни места. Дознаваме дека и за Сиднеј има голема заинтересираност за закажување на дополнителен концерт.

Ви пренесуваме дел од атмосферата од првиот концерт во Перт со кој официјално започнаа минатава сабота. Браќата Златко и Влатко се внуци на легендарниот македонски фолк пејач Војо Стојановски, додека Дамјан е неговиот син и тие прекрасно ја негуваат изворната македонска песна.

Останати вести