За „слобода“ потребни се 80 отсто вакцинирани

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, го објави планот на државата за излез од заклучувањето.

Повеќето од новите мерки се однесуваат на поголеми слободи и повторно отворање на училиштата, со  достигнување на 70 отсто вакцинирани со прва доза во  Викторија. 

Викторија сака да  излезе од заклучувањето до 2 ноември, односно за Мелбурн кап со преполовување на времето потребно за втората вакцина на “Фајзер“. Со побрзо достигнување на  80 проценти целосно вакцинирана популација.

За тоа се потребни дополнителни 318.000 дози секоја недела за да се исполни целта. Со удвојувањето на испораките на “Фајзер“ во Австралија овој месец ќе има доволно дози за да се овозможи на поединците да ги добијат вторите дози три недели по првата вакцина и ќе го намалат притисокот врз болниците од очекуваниот пораст на случаи со ковид-19.

Тоа ќе и овозможи на државата да ја достигне границата од 80 проценти пред предвиденото.

Останати вести