Домаќинот ја заврши својата работа со по еден гол во двете полувремиња и ја испрати екипата на Волонгонг Јунајтед без бодови. Во 40 минута Нејтан Карио ја затресе мрежата за 1:0 пред да се замине на одмор.
Во второто полувреме се играше 60 минута кога Маркус Бимбиловски го постави конечниот резултат од 2:0.
Во недела, на 2 јули, Волонгонг Јунајтед гостува кај Порт Кембла со почеток во 14:30 часот.