Италија, Англија, Украина и Малта противници на Македонија во квалификациите за ЕП 2024

Познати се групите за квалификациите за Европското првенство во фудбал што ќе се одржи за две години во Германија.

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација немаше среќа во ждрепката за квалификациите за ЕП2024, па црвено-жолтите “рисови“ се најдоа во веројатно најсилната квалификациска група.

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде дел од Ц групата во квалификациите. За противници ги добивме финалистите од последното ЕП, актуелниот шампион Италија и вице-првакот Англија, заедно со Украина против која игравме на својот дебитантски настап на ЕП, како и селекцијата на Малта.

Циклусо на квалификации почнува во март месец следната година и ќе заврши во ноември. Пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации. Квалитетот на противниците не дава голема надеж дека Македонија ќе успее да биде дел од уште едно големо натпреварување.

Останати вести