Кандидати со голема желба но мала поддршка

Господин, инфектолог, правничка, бизнисмен и инспекторка – петмина кандидати за претседател кои најверојатно нема да успеат да се најдат на гласачкото ливче.

1. Иако е член на ВМРО-ДПМНЕ, докторот Вело Марковски, кој е специјалист инфектолог, најави независна кандидатура за претседател на Македонија. Роден е во мај 1958 година во Папрадиште, Велешко. Во периодот од 1999 до 2002 година бил директор на скопската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Од 2012 година е вработен на Факултетот за медицински науки при УГД во Штип, каде и денес е професор по предметот Инфективни болести.

Досега има собрано помалку од 600 потписи.

2. Мерсиха Смаиловиќ е кандидат на Бошњачки демократски сојуз. Таа е правничка и граѓанска активистка, и активна е на полето на застапување за човековите права, дискриминацијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн. Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги. Има собрано помалку од 1.000 потписи.

3. Томе Николоски е кандидат кој досега нема собрано ниеден потпис. Тој обојкот и прекин на кандидатурата уште на првиот ден – незадоволен зашто ДИК не му удоволи потписи да се собираат по општините (кои се 80) наместо по канцелариите на ДИК (кои се 34). Тој се претставува како бизнисмен и политичар, сопственик на „Симона мебел“.

– Јас не сум со партиски тркачи, туку настапувам независно и самостојно и не сум во можност тоа да го правам самостојно. Исто така сум разочаран од ДИК што се крие од јавноста мојата личност и се опструира пред медиумите, рече Николоски. 

4. „Сите имаат кандидати, само Вевчани има ‘Господин’“ – ова е еден од слоганите на Господин Попоски (48), инаку градежник и земјоделец по професија. „На 27 февруари Господин Попоски имат собрано поќе потписи од Стево Пендаровски“, се вели во објавите на страницата „Мое Вевчани“ на социјалните мрежи. Во тој миг имаше собрано 19 потписи а Пендаровски воопшто и не собира потписи. Ама изгледа зависи од кој агол гледаш на работите…

5. Меѓу кандидатите со најмала поддршка се најде и инспекторката Зорица Цветковска со собрани нешто над 100 потписи. Таа е членка на раководните органи во партијата Десна, која неодамна го смени од лидерската позиција Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојно убиство.

6. На листата на кандидати, со обезбедени нешто над 200 потписи, е и Ѓорги Манасков кој ја раководи Стопанската комора за енергетика на Македонија. Тој на социјалните мрежи ја побара поддршката на членовите на ВМРО-ДПМНЕ за да ги обезбеди потребните потписи и најави дека ќе се залагата ЕВН да се врати на државата и граѓаните, да донесе економска инвестиции и грантови од Кина, за сопствена изградба на Чебрен-Галиште, најавува дека Вардар ќе биде пловен, но и дека ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе ги врати пасошите со Република Македонија.

Сите кандидати имаат рок до 8 март да обезбедат 10 илјади потписи од граѓаните за да добијат шанса да се борат за претседателската фотелја на Водно.

Останати вести