Катар плаќа ол-инклузив за навивачи, во замена за коментар со пет ѕвездички!

Домаќинот на претстојното Светско првенство кое за 17 дена ќе стартува во Катар плаќа навивачи кои ќе имаат „ол-инклузив“ третман во оваа арапска земја, но сите што ќе дојдат ќе мора да исполнат еден услов – да прават пропаганда по социјалните мрежи дека во многу критикуваната земја сè е супер.

Холандскиот канал „НОС“ открил дека 50 холандски навивачи се на платниот список на Катар, кои ќе одат на Мундијалот и домаќинот им плаќа сè: пат, сместување, билети за мечевите. Од организацискиот комитет за „Ројтерс“ признаа дека имаат таква политика за навивачите, а според информациите треба да бидат вклупно 400 такви „платеници“.

Навивачите (не станува збор за озлогласени ултраси) потпишуваат „договор за однесување“ во кој мора да пишуваат убави работи за Катар за време на СП, ама истовремено сè што ќе видат како „напад, деградирање или напад на земјата домаќин на социјалните мрежи“ од други корисници на официјалните канали за Мундјалот да ги пријавуваат со репорти и со скриншотови за тоа што пишувале.

Вакви навивачи меѓу кои се ангажирани и инфлуенсери ќе има од 60 различни земји од светот. Колку точно Катар ќе го чини ангажманот за еден месец на ваквите пропагандисти не е познато, но во една од најбогатите земји цените се вртоглави кога станува збор за сместувањето во хотели, со соби и до 2.000 долари за ноќ, а билети скоро и да нема во слободна продажба

Катар во изминативе години беше под силен удар на медиумите посебно од Западна Европа, прво за корупцискиот скандал со купувањето на гласови за да ја добие организацијата во 2020 година во аферата „Катаргејт“ во која посочени како главни играчи се легендарниот Мишел Платини, екс-претседател на УЕФА и бившиот претседател на Франција, Николас Саркози.

Во последно време домаќинот на СП беше на удар за непочитување на човековите права, експлоатација на работната сила и работа во нехумани услови за ситни пари и шесте илјади мртви сезонски работници кои загинале за време на изградбата на комплетната инфраструктура, за која официјално колку е инвестирано не постојат податоци, но веќе низа медиуми објавија дека станува збор за над А$300 милијарди.

Останати вести