Квалификации за СП2024: Европскиот првак Италија не победи, ама постави нов светски рекорд!

Европскиот првак Италија и втор меч по ред во овие септемвриски мундијалски квалификации не победи, па по ремито со Бугарија (1:1) и во Базел одигра без голови со Швајцарија за 36-ти меч без пораз во низа и – светски рекорд.

Со ова Италијанците го надминаа досегашниот светскиот рекорд што го држеше Бразил, а сè е дело на Роберто Манчини, кој го препороди четирикратниот светски првак а на ЕП го донесе до европската круна.

Бразил имаше серија од 35 меча без пораз во периодот од 1993 до 1996 година, во кој стигнаа „кариоките“ до светската титула во САД во 1994 година. Сега Италија им се придружува, зашто во 27 меча победи, а деветпати ремизираше за овие 36 дуели без пораз во периодот од 2018 година до денес.

Италија имаше шанса да победи, ама најдобриот фудбалер според УЕФА за изминатата сезона, Жоргињо промаши пенал седум минути по стартот на вториот дел.

Другите гиганти немаа проблеми, па Шпанија набрзина ја растури Грузија со 4:0 за да се врати на победничкиот колосек, откако првпат по 28 години загуби мундијалски квалификациски меч од Шведска, а Полска очекувано го здроби Сан Марино со 7:1, Белгија стигна до убедливи 3:0 против Чешка, а Косово и Грција ремизираа 1:1.

Останати вести