И покрај повикот од повеќе институции до политичките субјекти за воздржување од говор на омраза за време на предизборието, нападите кон противничкиот табор, неретко и со навреди и клевети, веќе станаа главната ударна игла во претседателската и парламентарната изборна кампања.
Поради зачестените жалби Комисијата за спречување и заштита од дискриминација информираше дека за време на предизборните кампањи ќе врши засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор, како на социјалните мрежи, така и во традиционалните медиуми, а за таа цел е изработен прилагоден образец за пријавување на вознемирувачки говор, кој е закачен на нивната веб-страница.
Сепак, од Комисијата велат дека секоја навреда не е дискриминаторски говор или говор на омраза, а за навреди и клевети надлежни се граѓанските судови.