Канбера ги потврди извештаите за кинескиот шпионски брод забележан крај австралискиот брег, а властите ја осудија „алармантната“ постапка и покрај нагласувањето дека Пекинг има право да плови во меѓународни води.
Прајминистерот Скот Морисон изјави дека кинескиот надзорен брод минал во близина на брегот на Австралија на почетокот на оваа година, укажувајки на „многу сериозната ситуација во индо-пацифичкиот регион“.
Морисон сепак додаде дека Пекинг не прекршил ниеден поморски закон за пловење во близина на брегот на Австралија.
“Присуствотото на кинеската морнарица – за кое бевме свесни, и ние нив ги држевме на око – на Австралијците им се укажа дека постои многу сериозна ситуација во Индопацификот“, рече Морисон.
Морисон исто така рече дека очекува Пекинг да им ја дозволи истата слобода на австралиските бродови во спорните области на Јужното кинеско море, каде конкурентните територијални претензии довеле до долготрајни тензии меѓу Кина и низа други регионални држави.
Веста за шпионскиот брод се појави во време на растечки тензии меѓу Кина и Австралија, а Канбера сега наводно разгледува и дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во 2022-ра во Пекинг – иако се наведува дека властите ја чекаат одлуката на Вашингтон пред да донесат своја.
Дискусијата за потенцијален бојкот е поттикната од критиките поради наводните кршења на човековите права во Кина, односно против нејзиното ујгурско муслиманско малцинство.