Кинеското ГП нема да се одржи ниту во 2023 година?

Трката во Формула 1 за Големата награда на Кина, што се одржува во Шангај, ќе биде откажана четврта година по ред. Последен пат Формула 1 трка се одржа во Шангај во 2019 година. Трката во Кина беше закажана за 16 април 2023 година и требаше да биде четврта трка во сезоната, во која беше планирано да се возат рекордни 24 трки. Доколку биде откажана, тешко дека датумот ќе биде презакажан. И сезона од 23 трки сепак би била рекорд.

Сепак, политиката на нулта толеранција на ковид на Кина го наведе Ф-1 да заклучи дека гран-при нема да има. Членовите на тимот кои се заразиле со коронавирусот би поминале неколку дена во изолациони центри, па тркачката серија одлучи дека не се подготвени за таков ризик.

Така, помеѓу Големата награда на Австралија (2 април) и Азербејџан (30 април) се создаде пауза која не се знае дали ќе биде пополнета. Формула 1 се обидува да ја премести трката во Баку за 23 април, но оваа идеја не наидува на разбирање кај организаторите.

Шампионатот се уште нема официјално објавено откажување на трката во Кина.

Останати вести