Клоп ги брани своите фудбалери од критиките: Погледнете што им се случува на Роналдо и Меси

Јирген Клоп скокна во одбрана на своите фудбалери по лошиот старт во сезоната, вели дека и најдобрите фудбалери како Кристијано Роналдо и Лео Меси имаат падови.

„Црвените“ лошо ја отворија новата сезона во Премиерлигата, имаат само две победи на седум натпревари и веќе заостануваат 11 бода зад лидерот Арсенал.

Фудбалерите на Ливерпул често добиваат критики, но Јирген Клоп реши да скокне во нивна одбрана.

– Дали мислите дека Кристијано Роналдо во моментов пука од самодоверба? А тој со години беше најдобриот фудбалер во светот – вели Германецот.

– На сите им се случува. Лео Меси минатата сезона не личише на себе.

Останати вести