Македонскиот премиер Димитар Ковачевски објави дека на последниот ден од француското претседавање со ЕУ е добиен ревидиран предлог на преговарачката рамка. Се пофали дека во него биле вметнати барањата на македонската страна.
– Имаме чист македонски јазик а историјските прашања не се дел од преговарачката рамка, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
– Ова е предлог за кој сметаме дека е добра основа за да спроведеме широк за дискусија, за консензус во општеството. Ќе трае толку колку што е потребно време за да бидат информирани коалициските партнери, партиите, Собранието, вклучително медиумите и невладините организации. Ова е предлог кој ќе оди во Собранието согласно нашето уставно уредување, рече тој.
Потврди дека за овој предлог ќе треба да се изјасни и опозицијата.
Премиерот додаде и дека последниот француски предлог добил „ДА“ од Бугарија, бидејќи источниот сосед веќе спровел консултативен процес.