Комеморативна церемонија во Перт по повод 35 години од Ирачката војна

Во Перт се одржа комеморативна служба во State War Memorial, во Кингс Парк, по повод 35-годишнината од учеството на Австралија во Заливската војна. На настанот присуствуваше и Зоран Ќосески, македонски почесен конзул за Западна Австралија.

На оваа емотивна церемонија присуствуваа над 100 ветерани од Заливската војна и бројни официјални личности, вклучувајќи и поранешни американски војници кои учествувале во конфликтот. Настанот оддаде почит на сите кои служеле во различни улоги и истакна жртвите и напорите на нивните семејства.

Македонија придонесе кон “Operation Iraqi Freedom” со распоредување на војници во периодот од јуни 2003 до декември 2008 година како дел од коалицијата предводена од САД. Околу 450 македонски војници обезбедуваа безбедност, дејствуваа како сили за брзо реагирање и обучуваа ирачки сили, претежно стационирани во Камп Таџи.

Конзулот Ќосески потенцираше дека Македонија и Австралија влегоа и излегоа од конфликтот како сојузници, демонстрирајќи солидарност на меѓународната сцена.

Останати вести