КУП НА АВСТРАЛИЈА ФИНАЛНИ 32: Бродмедоу Маџик гостува кај Бентли Гринс

Оваа седмица сите ќе навиваме за македонскиот клуб од Њукасел кој се квалификуваше повторно во завршницата за купот на Австралија.

Бродмедоу Маџик веќе неколку пати има стигнато до оваа фаза и ќе се обиде на гостувањето во Мелбурн да го направи својот најголем успех и да го помине елиминационото коло на финалните 32 екипи.

Бродмедоу Маџик за купот на Австралија игра со екипата на Бентли Гринс од Викторија.

Средбата се игра в четврток, на 21 јули, на стадионот Kingston Heath во Мелбурн со почеток во 19:30 часот и ќе има директен пренос на Канал 10.

Останати вести