КУП НА АВСТРАЛИЈА ФИНАЛНИ 32 ЕКИПИ: Бентли Гринс – Бродмедоу Маџик 2:1

Прекрасен натпревар кој се играше без многу тактизирање, и многу лесно можеше да биде победник и нашиот клуб од Њукастел.

За Бродмедоу Маџик ова е уште едно признание за квалитетот што го имаат во тимот – досега има шест пати стигнато до ова ниво, а еднаш имаше и настап во финалните 16 екипи.

Во првото полувреме домаќинот, по долг период на притисок врз половината на Бродмедоу Маџик, со многу среќа успеа преку Џорџ Ламбадаридис да го постигне првиот гол за 1:0. Нивната радост едвај траеше една минута, бидејќи Бродмедоу Маџик со првиот напад од половината преку Џакоб Довсе го израмни резултатот на 1:1.

Тимовите беа израмнети речиси во текот на целиот натпревар, имаше извонредни удари кон головите, се тресеше стативата на двете страни но никако да се постигне решавачки гол.

На крај решавачки беше шутот од непосредна близина во 117 минута на нововлезениот Кен Кролицки, што го обезбеди местото на Бентли Гринс во осминафиналето по драматичната вечер на фудбалскиот комплекс “Кингстон Хит“.

За “магичните” блескаше заменик голманот, Зак Боулинг, кој го украде шоуто откако го замени повредениот Бен Мекнамара во 22 минута.

Младиот голман направи 14 извонредни одбрани пред да биде совладан од Кен Кролицки во 117 минута. Постигнатиот решавачки гол длабоко во второто продолжение, практично во последните мигови од средбата, беше решавачко за победа на Бентли со 2:1.

Останати вести