Куп на Австралија, 6 коло, Бродмедоу Маџик – Бангалоу Булдогс 5:1

Минатава сабота Бродмедоу Маџик играше за Купот на Австралија, каде убедливо го совлада Бангалоу. Стрелци на головите беа: Рајли Смит 3, Самд Донелан и Кеану Мур по еден. Единствениот гол за гостите го постигна Џони Стамболиев.
Бродмедоу Маџик, е најуспешен наш клуб во ова натпреварување и во изминативе години повеќе пати стигнува до финалниот дел за Купот на Австралија во кој настапуваат најдобрите 32 екипи и играат со екипи од А–лигата.
Во сабота, на 17 јуни, продолжува регуларното првенство и Бродмедоу Маџик игра во гости кај Кукс Хил Јунајтед со почеток во 15 часот.

Останати вести