Магазинот Global Finance ја објави листата на „Најбогатите и најсиромашните земји во светот“. На неа се најдоа 196 држави од планетата но Авганистан, Либан, Сирија и Украина не се рангирани. Сите држави се различни но сепак, ако кога се земаат предвид стапките на инфлација и цената на локалните стоки и услуги, можеме да добиеме попрецизна слика за просечниот животен стандард на една нација: добиената бројка е она што се нарекува паритет на куповна моќ (PPP – purchasing power parity), што често се изразува во меѓународни долари за да се овозможат споредби меѓу различни земји.
Според таа листа, најбогати земји во светот се:
Австралија е на 21 место со ППП од $61,941. На 20 место е Шведска со $62,926 додека на 22 место е Белгија со $61,587.
Најсиромашни се Сирија, Авганистан, Либан и Украина.
Од Балканот најдобро рангирана е Словенија (А$48,814) на 36 место, по неа е Хрватска (со $36,622) на 53 место, потоа на 55 место е грција ($35,596), Бугарија (А$29,593) на 63 место, Црна Гора ($24,878) е на 69 позиција, Србија ($23,904) на 72 место, Македонија ($19,726) е на 78 позиција, Босна и Херцеговина (17,471) е на 88 место, а на самото дно се Албанија ($17,383) на 90-то и Косово ($13,964) на 105 место.
„Ако едноставно го земеме предвид бруто домашниот производ на една земја – збирот на сите добра и услуги произведени од земјата во една година – тогаш ќе треба да заклучиме дека најбогатите нации се токму оние со највисок БДП, како што се Соединетите Американски Држави, Кина, Јапонија и Германија. Но, како може економиите на, на пример, Сингапур или Луксембург да се израмнат со економиите на толку моќни структури кога тие се само мали точки на светската мапа“, пишува магазинот.
Друг проблем со БДП е, како што пишува Global Finance, што не ја мери распределбата на богатството.
„Затоа, попрецизното претставување на условите за живот на луѓето започнува со делење на националниот БДП со бројот на луѓе кои живеат таму. БДП по глава на жител и неговата стапка на раст ни кажуваат многу повеќе за општественото богатство кое е потенцијално достапно за секој човек и дали ова богатството со текот на времето се зголемува или намалува“, се наведува во текстот.