Локалните избори ќе бидат распишани на 8 август, првиот круг најверојатно на 26 октомври

Локалните избори во Република Македонија ќе бидат распишани на 8 август, а првиот круг најверојатно ќе се одржи на 26 октомври, јави „Канал 5“ телевизија.

Според предвидениот рок од 60-90 дена од датумот на распишување на изборите, извесно е дека првиот круг ќе се одржи на 26 октомври, а вториот, две недели подоцна, на 9 ноември 2025 година.

Но, она што е неизвесно дали тие ќе се одржат со променет Изборен законик и каква ќе биде позицијата на граѓанските иницијативи во изборната трка, по правниот вакуум што настана откако Уставниот суд ги укина членовите со кои беше кренат прагот за потребни потписи за независните, но пратениците од власта и опозицијата здружно во Собранието повторно поднесоа законски измени за зголемување на бројот на потписи за независните.

Вака предложениот Изборен законик сега е заглавен во Собранието поради блокирањето од ДУИ и немање Бадентерово мнозинство.

Или усогласување на новиот закон или независните одат на локални без потписи?

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите истакна дека очекува пратениците да ги донесат законските измени, но штом независните кандидати и невладините организации не се согласуваат со предложеното решение, рече дека има можност предлогот да се повлече и да се усогласи нов. За да не настане хаос со кандидирањето на претсојните локални избори, можно е Собранието да оди и со автентилно толкување.

Доколку не се утврди колку потписи се потребни за кандидатура, можно е да настане хаос со кандидирањето, затоа што според сегашната состојба во законот независните имаат право да учествуваат, но не е определно со колку потписи, па се создава можност некој да се кандидира и со потпис од само еден граѓанин, па дури и без потписи.

Останати вести