ЛEИКАРД Е НОВИОТ ШАМПИОН НА НПЛ ВО НОВ ЈУЖЕН ЗА 2025

АПИА Леикард – Рокдаел Илинден 2:1

АПИА Леикард го освои шампионатот на НВЈ во Националната Премиер лига за мажи за 2025 година со тесна победа од 2:1 над нашиот Рокдаел Илинден на стадионот „Џубили“.

По напнатиот почеток на натпреварот, АПИА Леикард  во 16 минута прв постигна гол, со првата шанса на средбата преку Сија Камбајаши. Тоа беше брза акција од левата страна и, по неколку брзи додавања, топката стигна до Шон Симонс, кој го пронајде Камбајаши. Тој, без да дозволи топката да отскокне, изврши сензационален удар, совршено испраќајќи ја топката во горниот агол на стативата за 1:0.

АПИА Леикард не остана долго во водство. Во 21-та минута, Рокдаел започна акција преку Блејк Ричиуто кој го пронајде Али Аугла, а крилниот напаѓач брзо му ја додаде топката на Џорџо Сперанца, кој со дриблање влезе во шеснаесетникот  и додаде до Алек Урошевски.

Од непосредна близина, златната копачка на Рокдаел ја затресе мрежата за да го израмни резултатот на 1:1. Тоа беше емотивен гол за најдобриот стрелецот на “комитите“, бидејќи ова  е неговиот последен натпревар за неговиот сакан клуб.

Следеа шанси на двете страни од теренот, а решавачки беше моментот во 64-тата минута, кога Дредон Кели го постави конечниот резултат од 2:1 и победа за АПИА Леикард.

Како што минутите минуваа, притисокот на Рокдаел Илинден растеше за повторно израмнување. Но, АПИА Леикард цврсто се држеше во одбраната до крајот, спречувајќи ги сите приоди до голот.

Останати вести