Македонецот Влатко Андоновски како селектор со американската женска фудбалска репрезентација успеа да донесе ново злато. Овојпат САД го освои трофејот на КОНКАКАФ првенството кое се одржуваше во Мексико.
Избраничките на Андоновски во финалето го победија големиот ривал Канада со минимални 1:0, а решавачки беше пеналот реализиран од Алекс Морган во второто полувреме. Покрај фактот што освоија уште едно континентално натпреварување, за Американките оваа победа има дополнително значење бидејќи е обезбеден и пласман на Олимписките игри во Париз.
На турнирот во Мексико учествуваа осум репрезентации од Северна Америка, Средна Америка и Карибите.