Македонија падна на ранг листата на ФИФА

По двата пораза во Лига на нации, македонската фудбалска репрезентација очекувано се лизна на најновата ранг листа на ФИФА. Македонија беше поразена од Грузија на гости, а потоа и од Бугарија дома, но не загуби многу на рангирањето на ФИФА.

Падна само едно место и сега е на 65-та позиција пред Албанија, Јужна Африка, Ирак, Црна Гора, а зад Јамајка, Словенија, Исланд, Гана.

Најдобрата позиција оваа година македонската репрезентација ја оствари по сензацијата во Палермо (победата над Италија со 1:0) кога стигна до 62-ро место.

На првото место е Бразил, а во топ 10 влегуваат и Белгија, Аргентина Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.

Следните предизвици се редовните квалификации за ЕП 2024 за кои ждрепката е на 9 октомври.

Останати вести