Македонската ракометна репрезентација во 2023 година ќе игра на Светското првенство, откако во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја победивме репрезентацијата на Чешка со 27:25. Овој триумф беше доволен за Македонија да ја продолжи повеќе од еднодецениската низа да биде дел од завршницата на голените натпреварувања. За Македонија ова ќе биде осмо учество на Мундијалите, а шести во низа.

Нашите најдобри ркометари мораа да бркаат победа откако на првиот меч во Злин беше 24:24. Чесите водеа само на почетокот со 4:2, а потоа со серија од 5:0, Македонија поведе со 7:4. До крајот на првото полувреме, гостите на три пати успеаа да стигнат на еден негатива, а на полувреме се замина со резултат 14:12.
Во второто полувреме Македонија поведе и со 20:16 (41 минута), а потоа речиси постојано разликата се движеше од два до три разлика за Македонија. На седум минути до крајот, Македонија водеше со 25:22, но Чесите се мини серија од 2:0 стигнаа до 25:24 на две минути до крајот.

Македонија побара тајм аут, а потоа Филип Талески даде гол за 26:24. Чесите брзо вратија за 26:25 преку Бабак на една и пол минута до крајот. Во последниот наш напад, Јагудиновски изнуди пенал, а Филип Кузмановски даде гол на 17 секунди до крајот.
Тој беше многу значаен психолошки бидејќи стана јасно дека дури Чесите и ако набрзина постигнат возвратен гол, Македонија веќе ја обезбеди победата.
Кузмановски со девет гола беше најефикасен кај Македонија, а Талески даде шест погодоци, додека голманот Митревски имаше 14 одбрани.
Бараж за СП 2023
Реванш, СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, Гледачи: 7.000
(прв натпревар Чешка – Македонија 24:24)
Македонија – Чешка 27:25 (14:12)
Македонија: Митревски (13 одб.), Томовски, Стоилов, Лазаров 2, Талески 6, Миркуловски 2, Н. Маркоски 1, Кузмановски 9, Георгиевски, Ојлески, Младеновиќ, Пешевски 3, Јагуриновски 3, Атанасијевиќ 1, Серафимов, Мишевски.
