Во свечена и достоинствена атмосфера, на 23 мај 2026 година, Македонска Православна Младина на Австралија (МОЈА) го одбележа својот голем јубилеј — 20 години постоење, со гала вечер во Шелдон рецепција.На настанот присуствуваа повеќе од 500 млади луѓе од цела Австралија, како и гости од македонската и пошироката православна заедница.

Прославата е сведоштво за две децении посветеност кон православната вера, македонскиот идентитет и младинското заедништво.Основана во 2006 година како мала иницијатива на група млади ентузијасти, МОЈА денес претставува значајно младинско движења меѓу Македонците во Австралија, со активни членови во Мелбурн, Сиднеј, Џилонг, Бризбен и пошироко.Посебно признание беше упатено до отец Гаврил (Галев), игумен на манастирот „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк и основач на организацијата, чија визија и духовно водство оставија длабок белег во развојот на МОЈА.

Во своето обраќање, претседателот Мартин Масалковски истакна дека „20 години не се дестинација, туку темел за идните генерации“, нагласувајќи ја важноста на верата, македонското наследство и заедништвото.Настанот беше збогатен и со присуство на млади и свештени претставници од Руската, Грчката, Српската, Романската и Антиохиската православна заедница, потврдувајќи го духот на православно братство и меѓусебна почит што МОЈА го гради со години.
