Македонскиот фудбалски куп за јуниори на 7 и 8 октомври

За време на викендот на 7 и 8 октомври 2023 година во организација на Фудбалскиот клуб Пленти Вали Лајонс, ќе се одржи годишниот Маке­донски јуниорски куп на кој ќе учествуваат осум македонски фудбалски клубови: Фудба­лски клуб Пленти Вали Лајонс како домаќин,  Алтона Меџик Вардар,  Пре­стон Македонија, Џилонг Македонија, Сиднам Парк Ма­кедонија,  Лалор Ју­најтед Сло­га, Нобл Парк Македонија и Кило Волци.

Домаќините подготвуваат возбудлив викенд исполнет со забава каде што ќе има дружење со македонските фудбалски клубови што ќе учествуваат на овој годишен настан.

Се очекува за два дена, на стадинот на Robinvale Avenue во Томастаун дa бидат одиграни околу 100 фудбалски на­тпревари.

Поканети се  сите љубители на фудбалот и сите Ма­кедонци.

Останати вести