Македонските државјани во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори

На 14 февруари претседателот на Собранието Јован Митрески ги распиша двојните избори: за Претседател на Републиката и за пратеници во Собранието на Македонија. Државната изборна комисија (ДИК) истата вечер го потврди роковникот.

Право на глас на обата избора имаат и државјаните кои се на времена работа или престој во странство. Првиот круг на претседателските избори е закажан за 24 април а вториот круг е заедно со парламентарните избори – на 8 мај.

Според роковникот објавен од Државната изборна комисија, државјаните кои се на привремена работа или престој во странство можат да се пријавуваат за гласање до 18 март во ДКП-та на во земјите каде живеат.

Можат да се пријавуваат електронски на линк или со пополнување на формулар во хартиена форма.

Пројавувањето за парламентарните избори ќе започне подоцна.

Гласањето (барем засега, ако не дојде друго упатство) во ДКП-ата ќе може да се изведува само со поседување на важечка патна исправа на Македонија. Тоа значи дека само оние со пасоши со „северна“ ќе може да гласаат.

Останати вести