Македонските фолклорни друштва се враќаат на „Мумба“

Одлуката на градските власти претставува позитивен исход за Федерацијата на македонските културно-уметнички друштва (ФОМКУД), која претходно се повлече од годинешната парада поради забраната.

Секретарот на ФОМКУД, Стој Јовевски, изјави дека македонската заедница со олеснување ја примила веста за извинувањето и можноста знамето повторно да биде дел од културните манифестации.

Тој нагласил дека Сонцето од Кутлеш нема политичка функција, туку претставува симбол на заедничкиот идентитет, јазик, култура и традиција.

„Сите се возбудени. Тоа ги обединува сите Македонци под едно знаме, еден јазик, една култура и традиција“, изјави Јовевски.

Тој додал дека одлуката на Градот Мелбурн има значење и за другите малцински заедници, кои понекогаш се соочуваат со ограничувања во изразувањето на својата културна припадност.

ФОМКУД потврди дека ќе учествува на следната парада „Мумба“.

Останати вести