Маск го купи “Твитер“ за A$61.3 милијарди, вети „враќање на слободата на говорот“ и “чистка“ на ботовите

Илон Маск, најбогатиот човек во светот според “Форбс“, постигнал договор за купување на “Твитер“ за 44 милијарди американски долари (А$61.27 милијарди).

Прво што стори беше да вети дека ќе ја намали цензурата на оваа социјална мрежа, што ја зголеми загриженоста кај групите за човекови права оти така може да доведе до пораст на говор на омраза.

Дури и Белата куќа изрази загриженост за преголемата моќ што може да ја има една социјална мрежа.

Маск изјави дека “Твитер“ мора да биде приватен за да расте и да стане вистинска платформа за слобода на говор.

– Слободата на говорот е основа на функционална демократија, а “Твитер“ е дигитален градски плоштад каде што се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото, наведе Маск во соопштението.

Претходно тој нагласи дека главен приоритет за него ќе биде да ја елиминира „армијата на ботови“ на Твитер.

Останати вести