Мелбурн го “надградува“ светскиот рекорд на град со најдолго време поминато во карантин

Мелбурн постави рекорд за град со најдолго кумулативно време поминато во карантин поради пандемијата на коронавирус во светот.

Досега поминаа 248 дена што градот ги поминал со наредба да се остане дома (а бројчаникот и натаму “врти“).

Мелбурн со тоа го надмина претходниот рекорд што го држеше Буенос Аирес. Аргентинската престолнина издржала 234 дена карантин, од 20 март до 11 ноември 2020 година, и кратко десетдневно заклучување од 21 мај до 31 мај оваа година.

Мелбурн во моментов е во шестото целосно затворање од почетокот на пандемијата на коронавирус и овој степен на заклучување треба да трае најмалку уште три недели.

Уште еден неславен рекорд беше соборен во вторник со 1.763  на случаи на инфекција – најголема бројка во Австралија досега. Со тоа Викторија го надмина соседниот Нов Јужен Велс кој пред тоа го имаше рекордот.

Во Мелбурн луѓето се на работ на своите нерви. Во септември демонстрантите излегоа и неколку дена на улиците протестираа против задолжителната вакцинација во градежниот сектор. Се проценува дека Викторија ќе постигне стапка на вакцинација над 70 проценти на 26 октомври, што би довело до олеснување на заклучувањето според утврдените правила.

Но премиерот Даниел Ендрус рече дека не ја исклучува можноста од продолжување на мерките доколку е потребно.

Останати вести