Премиерот Даниел Ендрус рече дека бројот на КОВИД-19 заразени во заедницата во последните неколку дена и бројот на мистериозни случаи што се појавиле во различни области низ државата е „крајно загрижувачки“. Во Викторија бројот на случаи е повеќе од двојно зголемен, со 71 регистрирани инфекции во саботата.
„Треба да го забавиме ширењето на вирусот и да се спротиставиме на оваа појава“, рече тој.
И веднаш владата на Даниел Ендрус ја внесе Викторија повторно во заклучување без план. Наместо поддршка на бизнисите и народот и ослободување од заклучување, добиваме закани и обвинувања.
Наместо соодветен план и разумни ограничувања – премиерот Ендрус создава дополнителни тешкотии со најстроги рестрикции во Австралија. Сега покрај Мелбурн и провинцијата на Викторија ќе биде вклучена во заклучување, но бесмислениот полициски час нема да се спроведува таму.
Центрите за згрижување на деца ќе се затворат – освен за ранливите деца и децата од овластени работници кои не можат да бидат чувани дома. Градежната индустрија ќе биде намалена на капацитет од 25 проценти.
Мелбурн е во својот шестиот „локдаун“ и во четврток ќе има 207 дена поминати под наредби за останување дома. Податоците покажуваат дека од светските метрополи толку долго затворени во своите домови биле само жителите на Лондон. Но рекордот сега го презема Мелбурн и не само што жителите се затворени подолго од повеќето луѓе во светот, тие исто така се подложени на некои од најстрогите апсурдни рестрикции во светот со полициски час.