Мицкоски: Оваа влада е администрирана од СДСМ, а водена од ДУИ

Оваа влада е администрирана од СДСМ, ама водена од ДУИ, оцени за емисијата „360 степени“ на телевизија “АлсатМ“  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека сите клучни прашања се оставени да ги води ДУИ која има само 15 пратеници.

Мицкоски истакна оти се гледа дека владата е водена од ДУИ по начинот на кој функционира и по распределбата моќ.

– Ова де факто е влада на ДУИ, според тоа како е моќта распределена и начинот на кој функционира, се гледа дека ја водат луѓето од ДУИ и лицемерно ќе биде ако се каже дека е поинаку. Имаме економска и енергетска криза. Во јавноста за овие две прашања ги гледаме Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, едниот задолжен за буџет, другиот економија и тие излегуваат за позициите на владата за овие две суштински прашања, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека уште една работа по која се гледа дека раководи ДУИ е постапувањето  по едно од најважните прашања за Македонија, а тоа е проблемот со Бугарија и македонските аспирации во ЕУ.

– За проблемот со Бугарија и се уште незапочнатиот евроинтегративен процес, нашите позиции ги рефлектираат Али Ахмети, понекогаш Артан Груби и најчесто Бујар Османи, рече Мицкоски.

Во однос на прашањето дека ДУИ не прифаќа предвремени парламентарни избори Мицкоски истакна дека ДУИ има 15 пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 44.

Останати вести