МКУД Бисер Џилонг го прослави крајот на семестарот

Со голема радост и гордост се одбележа завршетокот на уште еден успешен период на младите играорци на КУД “Бисер”. Прекрасно беше да се види како најмладите членови од Македонската заедница во Џилонг со љубов и посветеност ги негуваат македонските обичаи и традиции – тие се нашата иднина и срцето на нашата култура.

По краткиот одмор се најавува дека ќе започнат часовите по македонско пеење од среда, 8 октомври, во 19:00 часот во Македонскиот центар во Џилонг (на крстосницата помеѓу Ballarat & Ballan Roads, Batesford).Часовите се отворени за сите возрасти и нивоа – не е потребно претходно искуство.  Создадете нови пријателства и врски во пријатна и топла атмосфера, чувајки ги нашите традиции и јазик. За повеќе информации, јавете се на: 0425 731 189

Останати вести