Деновиве во Мала Преспа биле пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, објави Македонското еколошко друштво (МЕД).
– Поморот на пеликаните е забележан од страна на нашата партнерска организациja од ПреспаНет, Society for the Protection of Prespa (SPP). Потврдено е дека причината за угинатите птици е птичји грип H5N1. Информирани се сите наши релевантни институции, а вирусот е потврден и кај нас во еден одделен случај. Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и кај нас може да бидат забележани нови случаи, велат од МЕД и алепираат доколку некој забележи нешто слично, да пријави во друштвото
