Националната Премиер Лигана Северен НЈВ – 2. коло, Бродмедоу Маџик – Валентин 2:0

Екипата на Бродмедоу Маџик ја забележа првата победа оваа сезона, совладувајќи го составот на Валентин со сигурни 2:0 и освојувајќи ги првите три бодови во шампионатот.

Магичните прикажаа дисциплинирана и организирана игра, а резултатската иницијатива ја крунисаа во финишот на првото полувреме. Во 44. минута Луис Лара прецизно стрелаше и донесе водство од 1:0, што беше идеален момент за заминување на одмор со предност.

Во второто полувреме Бродмедоу продолжи со контрола на играта, а потврдата на победата пристигна во 69. минута, кога Езра Паломбини ја зголеми предноста на 2:0 и практично го реши победникот.

Со овој триумф, Бродмедоу Маџик најавува подобри резултати во продолжението од сезоната и влева оптимизам кај навивачите.

Во следното коло, в сабота, на 7 март, со почеток од 19:00 часот, Бродмедоу Маџик ќе гостува кај екипата на Ламбтон Џафас.

Останати вести