Национална Премиер Лига во НЈВ, 1 коло ДОМАЌИНОТ СО ДЕВЕТ ИГРАЧИ ЗАБЕЛЕЖА ПОБЕДА

Блектаун Сити – Рокдаел Илинден  1:0 

На почетокот на натпреварот домашните подобро се снајдоа на лизгавиот терен и во 9-тата минута со голот на Аојама дојдоа во водство, и тоа им беше доволно да ги освојат трите бода.

Блектаун Сити на оваа средба направи своевиден подвиг бидејки натпреварот го заврши со само 9 играчи и заслужено славеше победа. На пет минути пред крајот на првото полувреме (поради два жолти картони) капитенот на домашните, Левис мораше да го напушти теренот, а во 81 минута истото се случи со Бандиера. 

Во последните мигови од средбата имаше  многу возбудувања пред голот на Блектаун но иако фудбалерите на Илинден имаа бројчана предност и со сите  сили настојуваа да го изедначат резултатот  не успеаја да го пројдат  “бетонскиот ѕид” на противникот.

Во следното коло, в недела, 13 март,  Илинден гостува кај Сиднеј Олимпик со почетокот на натпреварот во 16.00 часот.

Останати вести