Национална премиер лига на Викторија, 16 коло, Норт Џилонг Вориорс – Алтона Маџик Вардар 0:5

Извонредна висока победа на Алтона Маџик на гостувањето во Џилонг против кандидатот за испаѓање од лигата. По 8 минути игра од изведениот корнер најдобро се снајде Џонас Марковски и го доведе тимот во водство од 0:1. Домаќинот после тоа остана со играч помалку во 22 минута кога Браулер го доби вториот жолт на средбата и автоматски црвен картон. Пред крај на првото полувреме повторно кобен беше корнерот за домаќинот, овојпат од другата страна а стрелец беше Томи Семи за 0:2.
Во второто полувреме иако имаше доста шанси за Алтона Маџик да го зголеми водството се чекаше до 73 минута, кога Џонас Марковски одзема топка од одбраната го намами голманот и со додавање до Томи Семи му даде лесна задача да ја испрати топката во небранетиот гол за за 0:3. Следеа два гола на Роберт Хардинг во 87 и 90 минута за конечните 0:5. Магичните сега се на осмото место и може многу лесно да стигнат до првите шест од кои ги дели само два бода.
Во сабота, на 10 јуни, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Мореланд Сити со почеток во 18:15 часот.

ТАБЕЛА

Саут Мелбурн 43
Авондаел 40
Окли Канонс 36
Мелбурн Најтс 31
Порт Мелбурн 27
Данденонг Тандер 22
Грин Гали 21
Алтона Маџик Вардар 20
Хајделберг Јунајтед 19
Хјум Сити 17
Сент Албанс Сеинтс 13
Мореланд Сити 12
Бентли Гринс 9
Норт Џилонг 7

Останати вести