Најдобар доказ дека екипата на Алтона Маџик Вардар е на добар пат да се пресели во горниот дел на табелата е кога ќе се земе бод од тим кој беше на второто место на табелата. За сигурен почеток беше важен голот кој во 13 минута го постигна Бул Џаук за водство од 0:1.
Овој резултат беше одржуван се до 83 минута кога домаќинот преку Ион Аштон успеа да изедначи на конечните 1:1.
И подмладокот на Вардар имаше добар натпревар на Олимпик парк и успеа со десет играчи на крајот да слави победа од 4:5.
Во сабота, на 25 мај, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Данденонг Сити со почеток во 18:15 часот.
ТАБЕЛА
Саут Мелбурн 35
Авондаел 32
Окли Канонс 31
Хајделберг Јунајтед 30
Хјум Сити 27
Порт Мелбурн Шаркс 24
Алтона Маџик Вардар 17
Данденонг Сити 16
Мелбурн Најтс 15
Грин Гали 15
Данденонг Тандер 12
Манигам Јунајтед 9
Сент Албанс Саинтс 7
Мореланд Сити 6