Национална премиер лига на Викторија, 15 коло, Алтона Маџик Вардар – Данденонг Сити 0:2

Лошо започна средбата за “црвено црните” и веќе во петтата минута гостите преку Вил Боуер дојдоа до водство од 0:1. Овој резултат остана непроменет до крај на првиот дел.

Во второто полувреме Кењок Атиу во 69 минута го зголеми водството на Данденонг кога  ја затресе мрежата на Кристијан Роси за конечните 0:2. 

Алтона Маџик Вардар минатава среда, после високиот пораз од Хајделбег Јунајтед со 4:0,  се збогува со понатамошно учество за купот на Австралија.

Во сабота, на 1 јуни, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Окли Канонс со почеток во 18:15 часот.

ТАБЕЛА

Авондаел 35
Саут Мелбурн 35
Окли Канонс 31
Хајделберг Јунајтед 30
Хјум Сити 30
Порт Мелбурн 27
Данденонг Сити 19
Алтона Маџик Вардар 17
Мелбурн Најтс 15
Грин Гали 15
Данденонг Тандерс 15
Манингам Сити 9
Сент Албанс Саинтс 7
Мореланд Сити 6

Останати вести