Национална премиер лига на Викторија, 18 коло, Грин Гали – Алтона Маџик Вардар 5:2

Повторно висок пораз за Алтона Маџик и сигурно е незадоволен тренерот Џон Марковски од овој резултат. Уште на крајот од првото полувреме резултатот беше 3:1 и изгледаше дека домаќинот ќе победи. А добар беше почетокот за црвено-црните кога после само 13 минути игра се постигна првиот гол преку Џонас Марковски за 0:1. За жал радоста кратко траеше, во 16 минута Гринг Гали изедначи со погодок на Бернада за 1:1. Следеа уште два гола на Пиерс Веринг во 20 и 45 минута од пенал за 3:1.
Во второто полувреме во 76 минута продолжи шоуто на Веринг за 4:1. Додека во 83 минута стигна до високи 5:1, и повторно Веринг се запиша како стрелец, тоа беше неговиот четврт гол на средбата. Конечниот резултат за ублажување на поразот го постави во 87 минута Киан Куба со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот.
Подмладокот на Алтона Маџик забележа победа над Гринг Гали со 1:3, а стрелци на головите беа Ноа и Аш Георгиевски.
Алтона Маџик Вардар настапи со состав: Боулинг, Кастиело, Стојчевски, Гамо, Марковски, Хардинг, Семи, Алувалиа, Воерндл, Гонзалес и Куба.
Во сабота, на 24 јуни, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Мелбурн Најтс со почеток во 18:15 часот.

ТАБЕЛА

Авондаел 49
Саут Мелбурн 46
Окли Канонс 42
Мелбурн Најтс 34
Порт Мелбурн 30
Грин Гали 27
Хјум Сити 23
Алтона Маџик Вардар 23
Хајделберг Јунајтед 19
Сент Албанс Сеинтс 16
Мореланд Сити 12
Бентли Гринс 10
Норт Џилонг 7

Останати вести