Голема победа за Алтона Маџик Вардар и значајни три бода на салдото освоени од екипа која е на четвртото место на табелата. Првиот гол беше постигнат после еден брз контранапад во 12 минута со извонредна завршница на младиот Џошуа Марковски. Радоста треаеше точно десет минути и гостите во 22 минута преку Геваро Непомусено успешно го изедначија резултатот.
Следеше 39 минута и една лоша процена на голманот Роси, кој беше намамен да излезе од казнетиот простор, и после тоа беше лесна задача за Најтс да дојдат до водство со голот на Кларан Брамвел од 1:2. Со овој резултат се замина на одмор на крај од првиот дел.
Само што започна второто полувреме во 48 минута брзопотезно со долга топка до Томи Семи кој веднаш изби во казнетиот простор од каде ја затресе мрежата за 2:2. Сеуште не беа освестени гостите кога беше досуден пенал и во 51 минута Семи како прецизен егзекутор повторно се запиша како стрелец за конечните 3:2.
Алтона Маџик Вардар: Роси, Кастиело, Стојчевски, Гамо, Марковски, Лич, Семи, Алувалиа, Марковски, Воерндл и Куба.
Во сабота, на 1 јули, Алтона Маџик гостува кај Данденонг Тандер со почеток во 19:15 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 52
Саут Мелбурн 49
Окли Канонс 45
Мелбурн Најтс 34
Порт Мелбурн 31
Грин Гали 27
Алтона Маџик Вардар 26
Данденонг Тандер 24
Хајделберг Јунајтед 20
Хјум Сити 17
Сент Албанс Саинтс 16
Норт Џилонг 13
Мореланд Сити 12
Бентли Грин 11