Тежок натпревар за Алтона Маџик Вардар со екипа која е секогаш непредвидлива и се наоѓа меѓу шесте екипи од горниот дел на табелата. Првото полувреме беше без голови и за победничкиот погодок се чекаше до последните моменти од средбата.
Тоа беше еден ама вреден погодок за победа на Алтона Маџик, а како стрелец се запиша Бул Џуак во 88 минута за 1:0.
Подмладокот на Алтона Маџик Вардар исто така имаше успешен ден и забележа висока победа од 5:1.
Во сабота, на 6 јули, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Авондејл со почеток во 18:15 часот.
ТАБЕЛА
Саут Мелбурн 47
Авондаел 43
Хајделберг 38
Окли Канонс 37
Хјум Сити 37
Порт Мелбурн Шаркс 30
Данденонг Сити 28
Мелбурн Најтс 26
Грин Гали 24
Алтона Маџик Вардар 24
Данденонг Тандер 22
Манингам Јунајтед 14
Мореланд Сити 10
Сент Албанс 10