Слатка и сосема заслужена победа на Алтона Маџик Вардар на гостувањето кај Данденонг Тандер. Младиот тим на Вардар покажува вистински потенцијал и како што привршува првенството станува посигурен во своите можности. За првиот гол се чекаше до 38 минута кога по еден шут на Воерндл голманот на Данденонг добро реагираше, а на одбиената топка дотрча Џонас Марковски и имаше лесна задача за 0:1. Вториот гол беше постигнат во 45 минута, со извонредна мајсторија и контрола на топката, Марковски успеа во два потези да ја смири топката со гради и потоа со глава да ја смести во мрежата за 2:0.
Во второто полувреме домаќинот безуспешно со сила се обидуваше да постигне гол, а Алтона Маџик покажуваше извонредни моменти во одбраната и нападот. Во 90 минута и последната надеж за чудо беше одземена од Данденонг, кога со брз дриблинг Куба направи пробив и навремено додаде до Марковски кој го постигна третиот гол на средбата.
Младиот Џонас Марковски со хет-трикот сега има 16 постигнати голови оваа сезона и станува еден од најдобрите стрелци во НПЛ Викторија.
Алтона Маџик: Роси, Кастиело, Стојчевски, Гамо, Марковски, Лич, Семи, Алувалиа, Марковски, Воерндл и Куба.
Во сабота, на 8 јули, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Хајделберг Јунајтед со почеток во 18:15 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 53
Саут Мелбурн 49
Окли Канонс 45
Мелбурн Најтс 35
Порт Мелбурн 34
Грин Гали 30
Алтона Маџик Вардар 29
Данденонг Тандер 24
Хјум Сити 20
Хајделберг Јунајтед 20
Сент Албанс Саинтс 16
Бентли Гринс 14
Норт Џилонг 13
Мореланд Сити 12