На натпреварот од првиот свиреж Алтона Маџик Вардар започна со опсада на голот на гостите. Тоа даде плод во 29 минута, кога Томи Семи направи извонреден пробив во казнениот простор и шутираше, топката се одби и стигна до Џонас Марковски кој биеше прецизно за 1:0. Доминацијата на црвено-црните продолжи до крајот на првото полувреме но резултатот остана непроменет.
Во вториот дел полека гостите ја преземаа иницијативата и се редеа шанси пред голот на Роси. Нервозата полека влезе во редовите на Норт Џилонг и во 76 минута, по еден неспортски гест кој се одви во близина на судијата, веднаш беше доделен црвен картон за Еди Гарднер и гостите останаа со играч помалку. Со тоа опадна и ритамот на играта и до крајот немаше некоја значителна акција.
Подмладокот на Алтона Маџик имаше лош ден и загуби со 0:5 од Вориорс.
Алтона Маџик Вардар: Роси, Гонзалес, Кастиело, Андерсон, Стојчевски, Марковски, Лич, Семи, Хардинг, Верндл и Куба.
Во сабота, на 11 март, Алтона Маџик Вардар гостува кај Мореланд Сити со почеток во 15 часот.