Национална Премиер Лига на Викторија – 1. коло, Хјум Сити – Алтона Маџик Вардар 1:3

Сезоната за Алтона Маџик Вардар започна на најдобар можен начин – со победа на гостински терен кај секогаш незгодниот Хјум Сити. Домаќинот шокираше со водство уште во 2. минута преку Кристофер Енгелхарт, но „магичните“ брзо ја вратија контролата и почнаа да градат убедлива победа.

Головите за Алтона Маџик Вардар паднаа како на филмска лента: Брајан Сутомо израмни во 34. минута, Даниел Фабрицио донесе предност во 59. минута, а завршниот печат го стави Оливер Келарт во 81. минута за конечни 1:3.

Со оваа победа, тимот покажа дека има амбиции за високи позиции оваа сезона.

Следниот предизвик е гостување кај Окли во петок, 20 февруари, со почеток во 20:15 часот.

Останати вести