Национална Премиер лига на Викторија– 12. коло, Престон Македонија– Данденонг Сити 1:0

Престон Македонија продолжува со солидна форма и забележа нова, минимална но значајна победа од 1:0 против Данденонг Сити, со што тимот стигна до трета последователна победа и трета „чиста мрежа“ по ред.

Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 19. минута, кога дваесетгодишниот Џорџ Михалидис погоди за водство кое на крај се покажа како одлучувачко за трите бода.

Престон Македонија во овој период игра цврсто и дисциплинирано, особено во дефанзива, што го потврдува и серијата без примен гол.

По натпреварот, тренерот Зоран Марковски изјави:

„Момците навистина напорно работат во одбраната… мораме да бидеме поефикасни и да ги завршуваме натпреварите порано во напад.“

Во следното коло, во сабота, Престон Македонија гостува во големото братско дерби кај Алтона Маџик Вардар, во натпревар кој се очекува со голем интерес во заедницата.

ТАБЕЛА
Оукли 26
Хајделберг 23
Хјум Сити 22
Авондаел 22
Саут Мелбурн 21
Престон Македонија 17
Мелбурн Сити 17
Сент Албанс 16
Џорџ Крос 14
Бентли 14
Данденонг Тандер 11
Алтона Маџик Вардар 10
Данденонг Сити 8
Грин Гали 3

Останати вести